Бонучи не застанува, негова следна дестинација – ЊУКАСЛ!

293

Искусниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи не е во плановите на Макс Алегри во Јувентус за новата сезона, па затоа ќе го напушти Торино. Тој имал разговори со претставници на Њукасл за трансфер во англискиот клуб, пренесуваат англиските медиуми.
Бонучи имаше намера да го доработи договорот со Јувентус кој е со важност до јуни 2024 година, но новата ситуација го тера да ги промени плановите. Опцијата Њукасл е во игра, исто така и опцијата да се пензионира и да почне тренерска кариера.
Ако продолжи да игра тоа би му била последна сезона за 36-годишниот Италијанец и потоа ќе оди во тренерските води.

Претходно„Комити“ се пофалија: За помалку од една седмица собрани еден милион денари
СледноЛани потпиша десетгодишен договор со Леванте, сега премина во ривалот Валенсија