Интер го официјализира новиот договор на Стефан де Врај, кој ќе биде со важност до летото 2025 година. Во основа, претходниот договор со дефанзивецот беше до крајот на сезоната, но веќе на 20 јуни неговиот агент најави дека ќе има нов.
Тогаш беше откриено дека тој ја одбил и понудата од Саудиска Арабија.
Според новинарот Николо Шира платата на дефанзивецот сега ќе биде 3,8 милиони евра.
#InterFans ascoltate cos’ha da dirvi De Vrij 🗣️⚫🔵#ForzaInter #DeVrij2025 pic.twitter.com/cwJCe6hL8X
— Inter (@Inter) July 8, 2023