Напаѓачот на Валенсија, ветеранот Единсон Кавани би можел да се пресели во Аргентина во дресот на Бока Јуниорс.
36-годишниот Уругваец е во преговори со аргентинскиот клуб, а страните разговараат за договор на една или две години. Кавани има опција да се врати и дома во редот на Национал од Монтевидео, но е поблиску до преселба во Бока Јуниорс.
Договорот кој тој го има со Валенсија трае до јуни 2024 година.