Челзи ја одби понудата на Интер за трајно ангажирање на Ромелу Лукаку за 30 милиони евра. Сумата не ги задоволува барањата на „сините“ поради зголемениот интерес за Лукаку од Саудиска Арабија.
Интер, кој го ангажираше Лукаку на позајмица од Челзи минатата сезона, достави понуда вредна 30 милиони евра за трајно ангажирање на белгискиот напаѓач, која премиерлигашот наводно веднаш ја одбил. Сега Лукаку размислува дали да се пресели во Саудиска Арабија кај екипата на Ал Хилал која сериозно притиска за неговиот потпис, или да почека Интер да достави нова понуда.
Лукаку има уште три години од постоечкиот договор со „сините“, но тешко дека ќе продолжи на „Стемфорд Бриџ“.