Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае се сели во Баерн Минхен.
Германскиот гигант денеска ја активирал опцијата за ослободување од договорот на Кореецот и според инсајдерот Фабрицио Романо, сега останува само фудбалерот да ги потпише документите пред да го официјализира трансферот на „Алијанц Арена“.
Наполитанците од продажбата на Мин-Јае ќе добијат 50 милиони евра.
26-годишниот играч веќе успешно ги помина лекарските прегледи, а зделката е затворена. Двете страни денеска или утре треба само да ги потпишат документите.