Каква драма, какво финале на ЕП за играчи до 21. година. Секако дека херој е Џејмс Трафорд, кој има само 20 години но е чудо од голман, инаку член на Манчестер Сити. Англија водеше со 1:0 против Шпанија до 99,минута, кога Шпанците добија пенал, но Трафорд со две фантастични одбрани не дозволи неговиот репрезентативен тим да оди во продолженија, не дозволи неговата селекција да го прими првиот гол на ова ЕП.
„Утринава на моите соиграчи им кажав дека во финалето ќе одбранам пенал, и ете тоа се случи. Знаев дека ќе го одбранам уште кога судијата свирна“ изјави по мечот Трафорд.
По се ова сега треба добро да се замисли Едерсон, Бразилецот на голот на Манчестер Сити и еден од најдобрите голмани во светот. Блиску е денот кога Гвардиола секако дека ќе му даде шанса на младиот Трафорд.
🏆 Tremendo James Trafford!! Atajando un penal a Abel Ruiz y el rebota del mismo en el minuto 98' le da a Inglaterra su primera Eurocopa sub 21 después de 39 añospic.twitter.com/NQ0QwvOKFm
— Futbol Petit (@FutbolPetit) July 8, 2023