Иако имаше негодувања и во тамошната јавност, иако и новиот фудбалер на Фенербахче, Едуин Џеко се побуни поради одлуката тој и неговиот тим да игра на турнир во Русија, во Санкт Петербург, сепак турскиот гигант и официјално ќе настапи на овој турнир.
Па токму затоа Динамо Киев, гигантот од Украина и тоа како удри по Фенер со порака…
“Имате крв на рацете, прифативте да играте на турнир во Русија додека таа земја секојдневно со гранати убива Украинци. Ништо не може да го оправда овој чекор, никакви пари не може да го оправда срамното однесување од ваша страна. Не се плашиме да му кажеме на целиот свет дека со ова вие им помагате на убијците, срам да ви е“ се вели покрај другото во официјалното соопштение на Динамо Киев.