Одлична партија на нашата млада репрезентација до 20 години на вториот меч од ЕП во Б-дивизијата во групата – А вечерва во СРЦ “Кале“ во Скопје, и победа против Словачка со 81:64.
Уште на почетокот се виде дека момците на селекторот Василев сакаат победа и затоа започнаа фуриозно. Имаа водство од 12:3, 14:3 а првата четвртина ја завршија со +7 или 20:13.
И во продолжение од овој меч, Македонија одигра квалитетно и само ја зголемуваше предноста, која на крајот од второата четвртифа достигна до +12, а овој период одличен беше Тео Симиќ со 14 постигнати поени.
За разлика од вчерашниот меч, нашите кошаркари не ја повторија грешкатам, и кога Словаците се обидуваа да се вратат во игра, тие знаеја како да одиграат и не само да ја задржат предноста туку и да ја зголемат и затоа на моменти имавме и +17 поени.
Во последната четвртина се беше само рутина, Македонија оваа последна четвртина ја заврши со -3 поени, но Словачка успеа тоа да го направи кога се беше веќе готово.
Во нашите редови најефикасен беше Симиќ со 16 поени, додека Шошкич постигна 10, а по 8 поени Бошалевски и Василевски а Митревски еден повеќе од нив.
Ова беше прва победа на овој шампионат во вториот меч. Утре Македонија е слободна а во понеделник и вторник се среќава со Бугарија и Ирска во оваа група – А.