Невидена доминација на младата селекција на Англија. Англичаните денеска во Батуми (Грузија), во финалето на ЕП за играчи до 21.година успеаја да слават над Шпанија со 1:0 и со тоа да дојдат до титулата. Стрелец на голот беше Џонс во 45+4.минута, но него топката го удри откако Палмер изведе слободен удар.
Велиме доминација зошто Англија стана европски првак без да прими гол во текот на цело првенство, што секако дека е за Рипли, вистински раритет.
Да кажеме дека Шпанија преку Руиз во 51.минута постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд.
До крајот “Фуријата“ настојуваше да израмни, а Англија преку Џонс можеше да го удвои водството. Во 84.минута Вега имаше супер шанса за израмнување, но шутираше над голот, претходно Рикелме и Руиз имаа големи шанси.
А во 99.минута Шпанија преку Руиз не реализираше пенал, и тоа беше тоа.
Англија е европски првак и тоа по цели 39 години.