Роналд Куман забележа 264 настапи за Барселона како играч, а потоа и во сезоната 2020/2021. беше нејзиниот тренер. И покрај поврзаноста со клубот, актуелниот холандски тренер ја критикуваше трансфер политиката на Каталонците.
„Можеме да разговараме за трансферите што ги прават, за возраста на играчите што ги носат. Тие не размислуваат за иднината од економски или спортски агол. Гундоган (32) е одличен играч, како и Левандовски (34), но ќе играат само две-три години. Не можете да носите такви играчи секоја сезона. Подобро е да се донесе 22-годишник отколку 32-годишник“, изјави Куман во пресрет на голф турнирот во Куман купот.
Куман го предводеше тимот на Барселона во 67 натпревари и со него го освои Купот на Шпанија. Но, тој беше отпуштен во август 2021 година, кога го наследи сегашниот тренер Чави Хрнандез.
„Отказот е можен кога работите не одат добро. Но, тие не беа искрени со мене“, изјави Куман.