Може ли Англија без примен гол да го освои ЕП У21?

206

Англија и Шпанија денеска (од 18 часот) ќе го одиграа финалниот меч на Европското првенство за фудбалери до 21 година. И едните и другите дојдоа до оваа фаза повеќе од заслужено, а Англичаните ја бркаат третата, а Шпанците шестата титула.

Финалето меѓу Англија и Шпанија се игра на „Адџарабет арена“ во Батуми, Грузија. Судија е Еспен Ескаш од Норвешка.

Младите Шпанци во групата ги победија Романија и Хрватска, а ремизираа со Украина. Во четвртфиналето ја поминаа Швајцарија по продолженијата, а во полуфиналето повторно играа со Украинците и убедливо ги победија.

Англичаните во финалето доаѓаат по совршено одработена групна фаза во кои забележаа три победи со по 2:0 против Чешка, Израел и Германија.
Во четвртфиналето минимално ја победија Португалија (1:0), во полуфиналето го совладаа Израел со 3:0. Така без примен гол и пет победи влегуваат во дуел со „фуријата“. Англија два пати била шампион на ЕП У21 но во 1982 и 1984 година што значи дека ја бараат титулата по 39 години.

А Шпанија заедно со Италија се најуспешните нации во ова натпреварување. Последниот трофеј го освоија пред четири години ога ја совладаа Германија во финалето на ЕП во Удине.

 

ПретходноСевиља против Индепендиенте за трофеј во ново натпреварување
СледноПулишиќ си го истера своето, ќе игра за Милан