Денеска ПСЖ го претстави своето четврто засилување во овој летен преоден рок. Станува збор за Јужнокореецот Ли Канг Ин, кој има 22 години.
Станува збор за офанзивен играч за врска, кој во Париз доаѓа од Мајорка, а претходно играше и за Валенсија.
Тој со “светците“ потпиша петгодишен договор, и тоа до 2028 година.
Секако дека ова е мало изненадување, ако се знае дека во минатото ПСЖ купуваше само мега – ѕвезди, а ова лето покрај Ин, на “Паркот на Принцовите“ досега дојдоа Марко Асенсио, Милан Шкрињар и Мануел Угарте.
🔴 #WelcomeLeeKangIn 🔵 pic.twitter.com/EnUV1Jc8eX
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 8, 2023