Станковски погоди во ремито на Тиквеш против Дубочица

825

Новото засилување на тимот на Тиквеш, Марио Станковски е стрелец на своето деби за Тиквеш летово, во ремито 1:1, кое кавадарчани го одиграа попладнево против Дубочица на свој терен.

Србите се на подготовки во Македонија, и ќе бидат спаринг партнер на повеќе наши екипи. Денеска гостуваа во Кавадарци, а по првите 45. минути Тиквеш водеше со 1:0. Убаво одиграна комбинација во која Касама му асистираше на Станковски, а овој со одмерен удар погоди за 1:0.

Во вториот дел, Дубочица изедначи од пенал со голот на Милан Ѓокиќ.

 

ПретходноВардар стартуваше со победа летово
СледноЕП У-21: Англија е европски првак и тоа без примен гол на цело првенство!