Челзи одби 30 милиони евра од Интер за Лукаку

230

Челзи ја одби понудата на Интер за трајно ангажирање на Ромелу Лукаку за 30 милиони евра. Сумата не ги задоволува барањата на „сините“ поради зголемениот интерес за Лукаку од Саудиска Арабија.

Интер, кој го ангажираше Лукаку на позајмица од Челзи минатата сезона, достави понуда вредна 30 милиони евра за трајно ангажирање на белгискиот напаѓач, која премиерлигашот наводно веднаш ја одбил. Сега Лукаку размислува дали да се пресели во Саудиска Арабија кај екипата на Ал Хилал која сериозно притиска за неговиот потпис, или да почека Интер да достави нова понуда.

Лукаку има уште три години од постоечкиот договор со „сините“, но тешко дека ќе продолжи на „Стемфорд Бриџ“.

ПретходноИнтер го „врза“ Де Врај до 2025 година
СледноБаерн ја активираше клаузулата: Ким Мин-Јае за 50 милиони евра оди на „Алијанц Арена“