Ѓоковиќ по провокациите од публиката: Не те слушам „мајсторе“ (ВИДЕО)

4542

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби битката со Стен Вавринка (6:3, 6:1, 7:6), но и со груба публика. На денот кога одбележа десет години непобедливост на Централниот терен, Ѓоковиќ доби нов ривал на трибините кој го провоцираше во поголемиот дел од мечот, особено во третиот сет кога Вавринка „додаде гас“ и се надеваше дека Ноле ќе направи грешка.

Откако Ѓоковиќ поведе со 3:2 во третиот сет, еден навивач гласно ги прослави неговите грешки, по што Србинот го „фиксираше“ на трибините и побара од судијата да го регулира тоа. Тој дури и ја оттурна камерата додека одеше на своето место, но ситуацијата не се подобри до последниот поен од натпреварот.

Ѓоковиќ не заборави, на крајот од мечот погледна право кон навивачот покажувајќи му со прстот кон увото, јасно му стави до знаење дека сега „може да вика колку сака“.

Ноле на крајот од мечот мавташе со прстот и уште еднаш и покажа на публиката дека не дозволува да се оствари предвидувањето на добар дел од нив, а тоа беше дека Ноле ќе го заврши натпреварувањето по третото коло – едноставно е премногу добар на Вимблдон за да дозволи какви било изненадувања.

ПретходноМакедонија ЃП денеска ги пушта во продажба билетите за мечот со РФС во квалификациите во ЛК!
СледноГолем ден за Словенецот: Среќниот број на Дончиќ и надвор од теренот!