Њукасл и Лестер се договорија за Харви Барнс

132

Њукасл Јунајтед е многу блиску до потпис со крилото на Лестер, Харви Барнс. Двата клуба веќе постигнале начелен договор за трансферот, а согласност дал и самиот фудбалер, прецизирајќи ги личните услови.

Сега останува само тимот од „Сент Џејмс Парк“ да ја достави својата официјална понуда, што ќе се случи во рок од неколку дена, по што трансферот може да биде финализиран.

Лестер бараше 40 милиони фунти за англискиот интернационалец, но според последните информации е постигнат компромис и Њукасл ќе плати 35 милиони.

ПретходноКавани избира меѓу Бока Јуниорс и Национал Монтевидео
СледноСлавен Билиќ се враќа во Саудиска Арабија