Беласица се засили со Митров и Јованов

299

Алекс Митров и Христијан Јованов денеска и официјално беа промовирани во нови засилувања за струмичка Беласица. Второлигашот во пресрет на новата сезона во два дена најави четири нови имиња.

Алекс Митров (2005) од денес е нов напаѓач на Беласица, откако како стандарден репрезентативец во У18 селекцијата на Македонија доаѓа во Струмица од швајцарски Бреитенрен. Алекс во својата кариера ги има минато и младинските категории на славниот Јанг Бојс.

Христијан Јованов (2005) е уште еден надежен талент, кој доаѓа од ФК Брера, а игра на позицијата стопер.

ПретходноЛани потпиша десетгодишен договор со Леванте, сега премина во ривалот Валенсија
СледноИнтер го „врза“ Де Врај до 2025 година