Двајт Хауард тврди дека бил подобар играч од Јокиќ!

191

Поранешната НБА ѕвезда Двајт Хауард тврди дека во своите најдобри денови бил подобар играч од Никола Јокиќ, кој со години прави чуда на паркетовите во најсилната кошаркарска лига во светот.

Првиот пик на драфтот од 2004 година тврди дека во своите најдобри години бил на ниво над сите, па дури и над нивото на игра што денеска го покажува Јокиќ.

„Луѓето ќе кажат дека Јокиќ знае да погодува, ги има сите овие вештини, но во кариерата имав 38-20, 45-18, 19, 20 (поени и скокови) и сето тоа го направив со само со шутеви за два поени. Тој има поголема слобода да шутира. Исто така, играв во друга ера“, вели Хауард и продолжува:

„Се разбира, луѓето ќе кажат: „Јокиќ прави магија на теренот, без навреда, мислам дека е одличен и го сакам, но јас се избирам пред него“.

Тој истакнува дека многу го цени Јокиќ и дека го смета за еден од најдобрите досега.

„Го сакам Јокиќ и среќен сум поради него. Го сметам за еден од најдобрите центри кои некогаш се појавиле, но нема да фрлам прашина на моето име. Јас сум Двајт Хауард и многу добро знам што сум направивме во оваа лига“.

ПретходноКуман ја критикуваше Барса: Не можеш да носиш такви играчи секоја сезона!
СледноДимитријевиќ го продолжи договорот со Уникс