„Комити“ се пофалија: За помалку од една седмица собрани еден милион денари

297

Навивачка група Комити пред неколку денови ја презентираше новата акција која има за цел да се спаси клубот од во моментов незавидната позиција, пред се финансиска.

Истата има за цел да се продадат што е можно повеќе годишни билети за следење на натпреварите на ФК Вардар со што се планира колку толку да се санира финансиската ситуација.

Со цел клубот колку толку да закрепне до агонијата во која е влезен веќе неколку години, Комитете организираа акција – Купи членска карта за Вардар до 1.000 денари.

Со таа карта се добива и сезонски билет за сите мечеви на Вардар во наредната сезона. Утрово „Комити“ информираа дека за помалку од една недела успеаја да стигнат до 1 милион денари. Акцијата продолжува, планот е да се соберат што е можно повеќе пари за достоен живот на ФК Вардар и успешни настапи во ПМФЛ во новата сезона.

ПретходноПулишиќ си го истера своето, ќе игра за Милан
СледноБонучи не застанува, негова следна дестинација – ЊУКАСЛ!