Лам за Хари Кејн: Кога Баерн бара некого, обично го добива

161

Некогашниот ас на германскиот фудбал, Филип Лам на интересен начин ја искоментира ситуацијата околу Хари Кејн и можноста англичанецот да се пресели во Баерн Минхен. Лам мина многу години кај Баварците и многу добро ги знае состојбите во и околу клубот.

„Кога Баерн сака играч, обично го добива. Но, за оваа цел клубот треба да плати одредена цена. Иако не треба да обрнувам внимание на Баерн во моментов, многу сум љубопитен да видам како сето ова ќе заврши“, изјави Лаам за Abendzeitung.

Лам заврши со фудбалот пред шест години, и не ја прифати улогата на спортски директор на Баерн Минхен, туку е само дел од менаџментот на тимот на Штутгарт што се однесува до клупските ангажмани. Од друга страна пак е директор на организацискиот одбор за следното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија во 2024 година.

 

 

ПретходноФилип Трпчевски по осум месеци прави кам бек за Хакен
СледноБрегалница подобра од Силекс во Кратово