За разлика од некои спортски ѕвезди, кои својот одмор го минуваа на скапите јахти или познати ексклузивни летни предели, Никола Јокиќ, најдобриот светски кошаркар, шампион во НБА со својот Денвер “крстари“ по Балканот,, па и во Европа.
Откако беше во својот Сомбор, потоа и во Неапол, сега е во БиХ, каде прво не го препознаа во една продавница во Горажде за да сега е на рафтинг на Тара.
И секако, каде и да се појави, тоа е спектакл.
Кога го видоа присутните веднаш “загрмеа“.. МВП, МВП, а тој ги поздрави и убаво си се искапи во студената вода на Тара.
Nikola Jokić, šampion NBA lige na raftingu u Republici Srpskoj. pic.twitter.com/ulUvhtPBhQ
— Zoran Šarenac (@sarenaczoran) July 8, 2023