Англија и Шпанија денеска (од 18 часот) ќе го одиграа финалниот меч на Европското првенство за фудбалери до 21 година. И едните и другите дојдоа до оваа фаза повеќе од заслужено, а Англичаните ја бркаат третата, а Шпанците шестата титула.
Финалето меѓу Англија и Шпанија се игра на „Адџарабет арена“ во Батуми, Грузија. Судија е Еспен Ескаш од Норвешка.
Младите Шпанци во групата ги победија Романија и Хрватска, а ремизираа со Украина. Во четвртфиналето ја поминаа Швајцарија по продолженијата, а во полуфиналето повторно играа со Украинците и убедливо ги победија.
Англичаните во финалето доаѓаат по совршено одработена групна фаза во кои забележаа три победи со по 2:0 против Чешка, Израел и Германија.
Во четвртфиналето минимално ја победија Португалија (1:0), во полуфиналето го совладаа Израел со 3:0. Така без примен гол и пет победи влегуваат во дуел со „фуријата“. Англија два пати била шампион на ЕП У21 но во 1982 и 1984 година што значи дека ја бараат титулата по 39 години.
А Шпанија заедно со Италија се најуспешните нации во ова натпреварување. Последниот трофеј го освоија пред четири години ога ја совладаа Германија во финалето на ЕП во Удине.