Неверојатен „фантомски гол“ во Аргентина (видео)

467

Чудни работи се случуваат на фудбалските терени во Аргентина. Гол кој не смееше да биде признаен падна на дуелот меѓу Џенерал Ламадрид и Викторијано Аренас во четвртата лига.
При 1:0 за Ламадрид, фудбалерот на Аренас Матијас Руиз направи соло продор по левата страна и шутна со левата нога кон голот. Голманот беше немоќен, а Руиз почна да се радува на изедначување на резултатот. Судијата покажа на центарот и потврди дека резултатот е 1:1.
Но проблем е што топката не заврши во мрежата туку мина покрај голот и заврши во аут. Само неколку минути подоцна пенал за Викторијано, а Диего Легуиза погоди за победа од 2:1 и бегство од последното место на табелата.

Следуваа реакции на социјалните мрежи. Некои велат дека тоа е чист гол, дека мрежата била скината и топката минала токму на тоа место. Други се чудат како можеше ова да не го видат судијата и неговите помошници.

ПретходноПо 12 години на голот, Де Хеа си замина од Манчестер Ј.!
СледноКавани избира меѓу Бока Јуниорс и Национал Монтевидео