Пулишиќ си го истера своето, ќе игра за Милан

229

Иако Челзи имаше подобри понуди за Кристијан Пулишиќ, сепак, американскиот фудбалер имаше желба да игра за Милан отфрлувајќи го интересот на другите клубови. На крајот „сините“ попуштија и седнаа да преговараат со Челзи и на крајот си подадоа рака.
Американецот си го истера своето и стана нов фудбалер на „росонерите“. Двете страни се договорија за сума од 22 милиони евра (20 милиони плус уште 2 милиони во форма на бонуси) со процент од наредна продажба на играчот.
Тој е третото засилување за „росонерите“ ова лето, по Рубенс Лофтус-Чик и Лука Ромеро.

ПретходноМоже ли Англија без примен гол да го освои ЕП У21?
Следно„Комити“ се пофалија: За помалку од една седмица собрани еден милион денари