Севиља против Индепендиенте за трофеј во ново натпреварување

102

Челинџ куп е ново натпреварување создадено во соработка на УЕФА и КОНМЕБОЛ, а за трофејот ќе се борат победниците на Лига Европа на УЕФА и победникот на Купот на Јужна Америка на КОНМЕБОЛ.
Па така на 19 јули на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ ќе се соочат Севиља и Индепендиенте дел Вале од Еквадор. Првото издание ќе го носи името на „Антонио Пуерта“ во чест на поранешниот фудбалер на Севиља кој почина во 2007 година од срцев удар.
Да потсетиме Севиља во финалето на ЛЕ го совлада Рома на пенали (4:1, во регуларниот дел 1:1), додека Индепендиенте во Копа Судамерикана беше подобар од Сао Паоло со 2:0.

ПретходноДимитријевиќ го продолжи договорот со Уникс
СледноМоже ли Англија без примен гол да го освои ЕП У21?