Македонскиот младински репрезентативец Филип Трпчевски се опорави од поредата на коленото и по осум месеци пауза повторно заигра за неговиот тим Хакен. Трпчевски влезе во игра на мечот против АИК Стокхолм, кој неговиот тим патем го доби со 1:2.
Ова е за нас и тоа како добра информација, пред стартот на квалификациите на У21 репрезентацијата во сетпември.
Трпчевски досега беше стандарден член на сите младински селекции со добра минутажа. Се работи за крилен играч кој е роден 2003 година.