Искусниот 29. годишен Роберто Гаљардини е нов член на тимот на Монца. Откако седум и пол години беше дел од тимот на Интер, тој летово си замина од Милано и имаше можност да бира каде ќе оди. Одбра да ја засили Монца, со која потпиша едногодишен договор.
Гаљардини е големо засилување за Монца, која што летово веќе ги донесе Песино од Аталанта, Петања од Наполи, Каплари од Верона, ПАбло Мари од Арсенал, Крањо од Каљари и Ицо од Торино.