Репрезентацијата на Мексико ја совлада селекцијата на Костарика со 2:0. Аутсајдерот успешно се држеше цело полувреме, ноПинеда го скрши мразот во 52. минута со гол од пенал.
Костарика тргна на се или ништо, што им остави доволно простор на теренот на Мексико да ја отстранат секоја дилема околу прашањето за победникот преку Ерик Санчез во 87. минута.
Панама многу поубедливо славеше над Катар кој беше поразен со 4:0. Првиот гол го постигна Џоел Барсенас во 19. минута, а во вториот дел следеше шоуто на Исмаел Дијаз, кој постигна хет-трик (56., 63. и 65. минута), со што на својот тим му обезбеди мирна завршница и полуфинале на Голд купот.