Мекгрегор се обиде да го “пецне“ Александар “Велики“ Волкановски: Дали тој е некој неважен лик од Полска?

2232

Славниот Конор Мекгрегор веќе одамна не знае како тоа изгледа да се најде во октагонот. Но затоа и тоа како ги следи настаните поврзани со Александар “Велики“ Волкановски, Австралиец со македонско потекло кој утринава уште еднаш покажа кој е кој во овој боречки спорт, во УФЦ во перолесна категорија.

Тој по триуфот на Волкановски на свој твитер профил напиша:

Дали тој Волконовски е некој неважен лик од Полска?“.

И не само што намерно му го погреши презимето туку сакаше малку и да си “поигра“ со потеклото на Александар “Велики“.

Веднаш потоа следуваа повеќе коментари од фановите дека Волкановски е Македонец а не Полјак.

ПретходноКалин ја мина првата пречка во квалификациите на Челинџерот 100 во Јаши
СледноВоска си закажа пријателски со Силекс, Етникос Ахна, Охрид, Скендербег…