Новиот менаџер на Челзи, Маурисио Покетино го кажа своето мислење околу Михајло Мудик, украинецот за кого беа платени 100 милиони фунти, и кој допрва треба да го даде најдоброто во дресот на „Сините“. Покетино и тоа како смета на него и вели дека поголемиот дел од тактиката ќе се базира токму врз крилниот играч.
„Ќе се сретнам со Мудрик пред да пристигне на претсезонскиот тренинг. Навистина ќе уживам кога ќе го видам и ќе го запознаам, а потоа ќе ја развијам најдобрата стратегија за да го доведам на нивото кое го очекува Челзи “, изјави Покетино.
Мудик имаше работно лето, затоа што беше дел од У21 репрезентацијата на Украина на штотуку завршеното Европско првенство во оваа категорија.