Австрија подобра од нас за конечно 16. место

108

Женската У18 кошаркарска репрезентација на Македонија, на Европскиот шампионат Б дивизија во Бугарија денеска со конечни 81:74 загуби од Австрија и на тој начин го освои 16.место на турнирот.

Со само десет кошаркарки во ростерот, се чини дека ова беше и максимумот кој нашите млади кошаркарки можеа да го дадат во последните 40.минути на шампионатот во главниот град на Бугарија.

Се чини дека конечниот победник го реши првата четвртина. Онаа во која Австријките реализираа дури 30.поени, а нашите јуниорки само 16.

Сето друго беше во раммките на еден изедначен натпревар во кој Австрија ја одржуваше таа висока разлика. На крајот од средбата, Македонија се доближи и на негатива од само пет поени (72:77), но немавме енергија за комплетно „враќање“, а и малку време до крајот, 75. секунди.

Една од нашите најмлади кошаркарки во ростерот, Ања Начевска, имаше уште едно одлично индивидуално издание кое го заокружи со реализација на 27.поени (и по два скока и асистенции), по 11. поени реализираа Алексовска и Ѓуковиќ, додека пак десет постигна Николиќ.

ПретходноЈунајтед го реши проблемот, Гринвуд во вторник заминува на лекарски во Аталанта
СледноГаљардини од Интер оди во Монца