Грег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лига!

2414

Грег Попович е еден од најголемите НБА тренери на сите времиња. Легендарниот 74-годишник направи чуда со Сан Антонио Спарс, на чија клупа седна во 1996 година и кои ги предводеше до пет титули во НБА.

Се очекуваше Попович да се пензионира на крајот од минатата сезона. Сепак, тој не само што не го стори тоа, туку и го потпиша најголемиот договор во тренерската историја на НБА.

Спарс ќе му платат повеќе од 80 милиони евра за петгодишното продолжување на соработката, што е рекордна бројка за тренер во НБА.

Пред неколку дена најголемиот тренерски договор во историјата го потпиша Монти Вилијамс, кој шест години доби 78,5 милиони долари од Детроит Пистонс, но неговиот рекорд кратко траеше.

Изненадувањето секако е што новиот рекордер е познат стручњак со 75 години, а легендата ќе продолжиме да ја гледаме на клупата на Сан Антонио Спарс до 2028 година.

ПретходноЕве кога Интер Мајами и официјално ќе го претстави Лео Меси! (ФОТО)
СледноДрама во ПСЖ поради Мбапе