„Дијамантот“ во редот на ТОП трансферите на Фенер во историјата

1560

И покрај фактот што трансферот на турското чудо од дете, Арда Гулер во Реал Мадрид е  готова работа, за него допрва ќе се зборува летово. Младиот, 20. годишен офанзивец од Фенербахче премина во најголемиот клуб на светот, и не е воопшто чудо што е во центарот на вниманието.

Па така, сега сите се осврнуваат на неговата приказна која вели дека тој е еден од најголемите трансфери на турскиот гигант во историјата, а веднаш до него е Елиф Елмас, кој своевремено во 2019 година токму од Фенер премина во Наполи.

Фенербахче во случајот на Гулер со оглед на фактот дека тој потекнува од школата на клубот не платил воопшто, туку само заработил. Цели 20 милиони евра, плус секако бонуси од неговиот учинок.

Од друга страна пак, за Елиф Елмас беше платена сума од 180.000 евра при самиот трансфер од Работнички, за да потоа нашиот репрезентативец замина во Италија за 16 милиони евра.

Фенер за сега веќе членот на Баерн Минхен, Ким Мин Јае плати три милиони евра, за да тој за 18 милиони евра во јуни минатата година замине исто така во Наполи, а по само една сезона во Неапол, за 55. милиони оди во Баварија.

Конечно интернационалецот од Косово, Ведат Муричи, за шест милиони пристигна во Истанбул, за да Фенер во септември 2020 добро наплати и го испрати во Лацио за 21 милион евра.

 

ПретходноРакометарките поразени од Чешка во последниот меч од групната фаза
СледноОва е тајната на Новак: Со години пие само вода, не јаде глутен, вежба јога….