Јасно е дека Лео Меси во наредниот период ќе го носи дресот на Интер Мајами. Најдобриот фудбалер во историјата одби 1,2 милијарди евра од С. Арабија за две години и се одлучи да игра фудбал и да живее во прекрасниот Мајами на Флорида.
Тоа е веќе познато, но сепак сеуште неговиот нов клуб ја нема извршено официјалната промоција или претставување.
А тоа ќе се случи идната недела, на 16 јули на специјална церемонија на стадионот на Интер Мајами, каде Лео ќе биде спектакуларно промовиран.
Покрај него клубот ќе го промовира и Серхио Бускетс, а повеќе детали за овој најавен спектакл ќе се знаат деновиве.