Македонските ракометарки против Чешка за прва победа!

73

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (14:15 часот) ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското младинско првенство кое се одржува во Романија.

Селекторот, Јулијана Дамчевска и нејзините избранички за противник ја имаат селекцијата на Чешка.

И двете репрезентации стартуваа со два порази, од Црна Гора и Данска, па денешната средба ќе биде одлична шанса за „црвено-жолтите“ да го остварат првиот триумф на овој еврошампионат.

Победата ќе биде дополнителен мотив за следната фаза, во која е сигурно дека и двете репрезентации ќе се борат за подобар пласман. Откако, пак, ќе се одиграат натпреварите во двете групи за разигрување, екипите потоа ќе бида одново поделени и ќе играат за пласман од 9-12 и од 13-16 место. Трето и четвртопласираните екипи од сите четири групи ќе бидат поделени во нови две групи по следниот принцип: А3, Б3, А4, Б4 во една и Ц3, Ц4, Д3 и Д4 во друга група.

Оваа средба можете да ја гледате на следниот ЛИНК.

ПретходноНавивачите на Олимпијакос бесни на Слукас: Ти си лажго и предавник!
СледноБруно Фернандеш со емотивна порака до Де Хеа