Костас Слукас направи големо предавство. Грчкиот кошаркар го напушти Олимпијакос и премина во редовите на најголемиот ривал Панатинаикос со кого потпиша тригодишен договор вреден девет милиони евра.
Слукас веднаш стана предавник меѓу навивачите на тимот од Пиреја, кои му посветија писмо во кое му порачаа дека е лажго и предавник.
„Не ја прослави титулата, не беше распложен, ние ти пријдовме и разговаравме со тебе. Ни се заблагодари за се, особено за поддршката во тешките моменти. Ни кажа дека сакаш да останеш во клубот засекогаш, но дека имаш проблеми со Барцокас, кој не те играше многу. Наместо компромис, ти го стави егото над тимот. Тоа е зошто си лажго и предавник, зашто ни рече дека нема да одиш во Панатинаикос ниту за 10 милиони евра, а го направи токму тоа. Сето ова докажува дека си добар актер и дека одамна си преговарал со нашите непријатели, а нам ни кажуваше бајки“.
Никогаш не си бил лидер, ниту ќе бидеш. Василис Спанулис на 28 години тргна против валканиот систем и ја промени историјата на европската кошарка. Тој го одби ПАО и затоа сите во Олимпијакос го сакаат”, се вели во дел од соопштението.
Костас Слукас порасна во Олимпијакос. Дресот на оваа екипа го носеше од 2008 до 2015 година, а потоа пет години играше за Фенербахче.