Некогашниот голем талент потпиша за 12-тиот клуб, сега ќе игра во Сегунда

1324

Поранешниот голем хрватски фудбалски талент, Ален Халиловиќ повторно ќе ја менува средината, а ќе стави потпис за шпанскиот второлигаш Елденсе и со тоа ќе го комплетира трансферот во 12-тиот клуб во својата кариера.
Тој беше без ангажман од јануари оваа година, а дотогаш настапуваше за Ријека од каде доби отказ. Сега си најде клуб и за Елденсе ќе игра една година.
Халиловиќ беше сметан за голем талент на хрватскиот фудбал. Се појави во Динамо Загреба, па „модрите“ го продадоа на Барселона. Но таму не се снајде, играше за Б тимот, потоа за Спортинг Хихон, па Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард Лиеж, Херенвен, Бирмингем, Рединг и Ријека.
За Хрватска одигра 10 натпревари.

ПретходноПауло Бенто на кормилото на ОАЕ
СледноШвојнтек во маратонски меч ја исфрли Бенчиќ и избори 1/4 финале на Вимблдон