Од следната сезона во НБА ќе се игра за два шампионски трофеи! (ВИДЕО)

650

За првпат од сезоната 2023/24 во НБА ќе се играат мечеви за два шамионски пехари. Едниот е оној за онов веќе постоечкиот „Лери О`Браен“, а вториот е за НБА купот, ново натпреварување.

Сите 30 екипи се поделени во шест групи по три од запад и по три од истокот.

Секоја екипа ќе одигра по четири меча во својата група, две на гости и две дома, термините се вторник и петок.

Во елиминацискиот дел ќе се пласираат осум екипи, шест победници во групите и две најдобрите второп-пласирани. Тука би можела да решава и кош – разликата, што секако тоа ќе биде за првпат во историјата. Четвртфиналето ќе се игра по еден меч по што ќе се игра Ф4 и тоа во Лас Вегас.

Па така сите екипи и натаму ќе играат по 82 меча во сезоната, само најдобрите две од Купот по една повеќе.

Ќе има и награди,секој играч од тимот кој ќе го освои НБА купот ќе добие по 500.000 долари.

Да кажеме дека мечевите одиграни во групната фаза ќе се бројат, победите и поразите, за во регуларниот дел од сезоната во НБА.

 

ПретходноНестварни сцени во Камерун: Војската и полицијата на нозе, а во прашање е само посета на фудбалер! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноПСЖ го продаде Икарди, напаѓачот и следната сезона ќе игра за Галатасарај!