Ракометарките поразени од Чешка во последниот меч од групната фаза

75

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ја затвори групната фаза на Европското младинско првенство кое се одржува во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска беа поразени од Чешка со 09-16.

Нашите девојки мечот го загубија во второто полувреме, во кое противникот беше подобар со 17-11. Откако Чешка отвори со 3-1 на стартот на натпреварот и одржуваше позитива од три до четири гола, Македонија во последните десет минути во првото полувреме успеа целосно и рамноравно да се врати.

Серија од 5-0, во која Дукоска, Стефанова и Коцевска го имаа главниот збор, беше доволна за прво водство на мечот од 11-12 и 12-13 на одморот. Но, по истиот целосно се промени сликата. Чешка со четири гола во низа поведе со 17-13 и до крајот не им дозволи на „црвено-жолтите“ да прирадат пресврт.

Со шест гола Сара Стефаноска беше најдобар стрелец, еден гол помалку имаше Марија Јанкуловска.

Овој трет пораз значи дека Македонија ќе разигрува за пласман од 13 до 16. место.

ПретходноВоска си закажа пријателски со Силекс, Етникос Ахна, Охрид, Скендербег…
Следно„Дијамантот“ во редот на ТОП трансферите на Фенер во историјата