Средба на скопскиот аеродром: Барди им посака успех на стружани на гостувањето кај Жалгирис!

1021

 

Попладнево од скопскиот аеродром експедицијата на нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум, полета за Литванија, каде преку Франкфурт вечерва треба да слета во Виљнус. Познато е дека во вторник попладне Струга Трим Лум ќе го одигра својот прв меч против Жалгирис во 1.квалификациско коло во ЛШ.

А на скопскиот аеродром, средба на стружани со Енис Барди, актуелен репрезентативец на Македонија и еден од нашите најдобри фудбалери. Тој се спремаше за лет кон Истанбул, за да му се приклучи на својот Трабзонспор.

Се разбира дека Барди им посака многу среќа и успех на стружани на мечот во Виљнус, но и успешна европска епизода ова лето.

ПретходноПокетино за Мудрик: Ќе ја развијам најдобрата стратегија за да го доведам на нивото што го очекува Челзи
СледноЛотито: Не треба да го продадеме Милинковиќ-Савиќ, но нема и да му застанеме на патот