Ферстапен најбрз на легендарниот Силверстоун

136

Макс Ферстаспен е победник на денешната трка во рамките од Формула 1 шампионатот, која што се возеше на легендарната патека Силверстоун и ја освои Големата Награда на Велика Британија.

Во интересна трка во која во првите 200 метра ја загуби пол позицијата, сепак на крајот успеа да обезбеди нова победа враќајќи ја лидерската позиција во пеетиот круг, и на своето конто да стави уште бодови кои го прават најголем фаворит и за титулата.

На второ место се пласираше изненадувањето на оваа трка, Ландо Норис, додека пак, на третата позиција заврши Луис Хамилтон кој што водеше голема битка токму со Норис.

Ова за Ферстапен беше осма победа сезонава во десеттата трка.

 

ПретходноПартизан и Ц.Звезда водат “војна“ за него а тој чисти боранија со баба му! (ФОТО)
СледноЈунајтед го реши проблемот, Гринвуд во вторник заминува на лекарски во Аталанта