Експедицијата на Струга Трим Лум летна за Виљнус, каде во вторник, на гости кај Жалгирис, првакот на Литванија, ќе ги одмери силите во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Од Скопје до Виљнус прво ќе се лета за Франкфурт, за да потоа вечерва од 20 часот се лета за Литванија.
Атмосферата во експедицијата на нашиот шампион е одлична. Сите се оптимисти, посебно играчите, дека и покрај квалитетот на Жалгирис, стружани ќе имаат сила да дојдат до добар резултат на првиот меч за да потоа во реваншот во Охрид на 18 јули, и обезбедат конечен триумф.