Швојнтек во маратонски меч ја исфрли Бенчиќ и избори 1/4 финале на Вимблдон

58

Најдобрата светска тенисерка Ига Швојнтек се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако по повеќе од три часа ја елиминира Белинда Бенчиќ со 2:1 во сетови. Фаворитката беше пред елиминација, го загуби првиот сет 6:7, беше на чекор да го загуби и вториот но противничката не успеа да реализира две меч топки. Па Швјонтек успеа да изедначи на 1:1.
Во третиот сет полската тенисерка беше сигурна и го доби со 6:3 и со тоа и победата.
А следниот ривал на Швјонтек е Украинката Елена Свитолина која ја елиминира Викторија Азаренка со 2:1 во сетови. И тој меч беше интересен, се решаваше во третиот сет во тај-брејкот кој го доби Украинката.
Во четвртфиналето се уште Пегула, Андреева и Вондрусова.

Во машкиот дел четвртфиналисти се Рублев, Димитров, Сафиулин и Џон Синер. Рублик имаше проблеми со Бублик но го совлада со 3:2. Синер и Димитров лесно поминаа преку Галан односно Тиафо. Русинот Сафиулин го исфрли Денис Шаповалов со 3:1.

ПретходноНекогашниот голем талент потпиша за 12-тиот клуб, сега ќе игра во Сегунда
СледноУнион се спрема за ЛШ: Го направи најскапиот трансфер во историјата