Еден проблем помалку за тимот на Манчестер Јунајтед летово. Мејсон Гринвуд во вторник ќе замине за Бергамо каде што откако ќе ги мине лекарските прегледи и официјално ќе се обврзе на едногодишна позајмица во тимот на Аталанта.
Проблематичниот напаѓач ги реши прашањата од правен аспект, односно обвинувањата врз него за насилство врз поранешната девојка беа отфрлени, па тој конечно може да му се врати на фудбалот. Јунајтед не сака да го има во своите редови, барем не во овој момент, а Аталанта ете, се одлучи да го прибере некогаш ултра талентираниот крилен играч. Останува да се види колку фудбал има останато во инаку екстремно младиот 21. годишен играч, кому му се предвидуваше екстра кариера, но глупостите што ги направи на приватен план си го сторија своето.
JUST IN: Mason Greenwood will have his Atalanta medical on Tuesday ahead of a season-long loan at the Italian side. [CDS] pic.twitter.com/ys5d0hJNwF
— Morgan (@utdscope) July 8, 2023