Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, на социјалните мрежи со емотивна порака се збогува со голманот Давид Де Хеа, кој после 12 години го напушта „Олд Трафорд“.
„Заслужуваш да се збогуваш на полн стадионот, сите да ти се заблагодарат за убавите спомени. Влезе во историјата на клубот и твоето име никогаш нема да биде заборавено, а тоа никој не може да ги го одземе тоа. Ти посакувам се најдобро за тоа што претстои за тебе и твоето семејство“, напиша Португалецот на Инстаграм.
Многумина во оваа порака видоа прекор до раководството на клубот, кое не успеа да го задржи Шпанецот.
Bruno Fernandes’ farewell message to David de Gea 🥺❤️ pic.twitter.com/EO4WXlbTkW
— ESPN FC (@ESPNFC) July 8, 2023