Коста Рика издржа едно полувреме, Панама со „покер“ до 1/2 финале (ВИДЕО)

132

Репрезентацијата на Мексико ја совлада селекцијата на Костарика со 2:0. Аутсајдерот успешно се држеше цело полувреме, ноПинеда го скрши мразот во 52. минута со гол од пенал.

Костарика тргна на се или ништо, што им остави доволно простор на теренот на Мексико да ја отстранат секоја дилема околу прашањето за победникот преку Ерик Санчез во 87. минута.

Панама многу поубедливо славеше над Катар кој беше поразен со 4:0. Првиот гол го постигна Џоел Барсенас во 19. минута, а во вториот дел следеше шоуто на Исмаел Дијаз, кој постигна хет-трик (56., 63. и 65. минута), со што на својот тим му обезбеди мирна завршница и полуфинале на Голд купот.

ПретходноАлександар „Велики“ Волкановски е недопирлив крал, со нокаут ја одбрани титулата во УФЦ (ВИДЕО)
СледноПочина Луис Суарез, легендата на Барса и Интер