За првпат од сезоната 2023/24 во НБА ќе се играат мечеви за два шамионски пехари. Едниот е оној за онов веќе постоечкиот „Лери О`Браен“, а вториот е за НБА купот, ново натпреварување.
Сите 30 екипи се поделени во шест групи по три од запад и по три од истокот.
Секоја екипа ќе одигра по четири меча во својата група, две на гости и две дома, термините се вторник и петок.
Во елиминацискиот дел ќе се пласираат осум екипи, шест победници во групите и две најдобрите второп-пласирани. Тука би можела да решава и кош – разликата, што секако тоа ќе биде за првпат во историјата. Четвртфиналето ќе се игра по еден меч по што ќе се игра Ф4 и тоа во Лас Вегас.
Па така сите екипи и натаму ќе играат по 82 меча во сезоната, само најдобрите две од Купот по една повеќе.
Ќе има и награди,секој играч од тимот кој ќе го освои НБА купот ќе добие по 500.000 долари.
Да кажеме дека мечевите одиграни во групната фаза ќе се бројат, победите и поразите, за во регуларниот дел од сезоната во НБА.
NBA IN-SEASON TOURNAMENT EXPLAINED 🎥
Starting Nov. 3, all 30 teams will compete for the NBA Cup with 8 teams advancing into the knockout rounds! The tournament semis and championship game will be held in Las Vegas, Dec. 7 and 9! pic.twitter.com/NZdURUa3XR
— NBA (@NBA) July 8, 2023