Њукасл ги продолжи договорите со играчи со по еден меч минатата сезона

232

Њукасл ги продолжи договорите на дуото Лорис Кариус и Пол Дамет. Тоа се фудбалери кои имаат само по еден меч со „страчките“ минатата сезона. 31-годишниот Дамет го запиша својот меч во второто коло од Лига купот по цели 11 месеци и тоа во август 2022 година. Кариус беше на голот на Њукасл во финалето на истиот турнир на крајот на февруари и тоа поради казната на Ник Поуп и тоа што вториот чувар Мартин Дубравка немаше право на настап.
Од Њукасл проценија дека ќе им користат како поддршка наредната сезона која освен во домашните купови и Премиер лигата ќе играат и во Њукасл па ќе треба да ги менуваат првотимците на некои мечеви.

ПретходноУнион се спрема за ЛШ: Го направи најскапиот трансфер во историјата
СледноЃоковиќ води со 2:0 против Хуркач, но мечот ќе се доигра во понеделник