И официјално Андреј Лазаров (23), довчерашниот играч за врска на Тиквеш, од денеска е ново име во хрватскиот прволигаш, тимот на Рудеш. Да потсетиме дека оваа екипа во новата сезона ќе игра во елитната лига на Хрватска, откако во минатата се пласираа во повисок ранг, а тренер ќе му биде на нашиот фудбалер славниот Роберт Просинечки.
Инаку Лазаров освен во Тиквеш, успешно настапуваше и во Работнички претходно, играше за младата селекција на Македонија, а ова за него е прв интернационален трансфер.
Инаку „Спортмедиа“ овој трансфер го најави уште пред три недели, кога Лазаров и го потпиша договорот со хрватскиот тим.