Кис ја запре руската сензација за место во четвртфиналето (ВИДЕО)

106

Американската тенисерка Медисон Кис ја совлада Русинката Мира Андреева со 2:1 и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон.

Андреева, која има 16 години и е на 102. место во светот, го доби првиот сет со 6:3, а во вториот имаше брејк предност. Сепак, искусната Американка успеа да се врати во мечот. Прво го доби тај-брејкот со 7:3, а потоа и третиот сет со 6:2.

На крајот од средбата беше забележана и полемика. Андреева не се ракуваше со судијата, бидејќи пред крајот на поенот доби втора опомена за фрлање на рекетот, при што и беше одземен бод.

Кис во четвртфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Александрова и Сабаленка.

ПретходноРакометарките ќе играат против Норвешка и Србија за повисок пласман на ЕП
СледноАндреј Лазаров претставен во Рудеш, каде што е тренер славниот Просинечки! (ФОТО)